Жител на Македонски Брод доби 30 дена притвор како осомничен за силување на дете помладо од 15 години. Полицијата од Македонски Брод при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Б. С. (64) поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по чл.188 ст.5 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека Б. С. се сомничи оти на 3 април во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од тој град. Истото го сторил и на 7 март кон истото девојче, за што од очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод, но од нивна страна не биле преземени никакви мерки, за што од полиција соопштија дека ќе следат дополнителни активности за целосно расчистување на настанот.
Судија на претходна постапка на Б. С. му изречена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во Затвор Битола.
Ж. ЗДРАВКОВСКА