Битолската полиција му изрече притвор на битолчанецот Пеце Андреевски кој е осомничен за убиство на бездомникот Сашо Дахан во Битола.
Двајцата бездомници неколку години престојуваа заедно во куќа на улица 4 Ноември во Битола.
Во средата Дахан беше пронајден мртов во куќата со повреди по телото. Андреевски, пак, беше хоспитализиран и тврдеше дека некој ги нападнал во куќата додека спиеле.
Ж. ЗДРАВКОВСКА