ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ВОЗАТ ПО РЕДОВЕН ВОЗЕН РЕД, ЈСП ИМ ИСПЛАТИ ДЕЛ ОД ДОЛГОТ

    ПРИВАТНИТЕ АВТОБУСИ ЌЕ ВОЗАТ ПО РЕДОВЕН ВОЗЕН РЕД, ЈСП ИМ ИСПЛАТИ ДЕЛ ОД ДОЛГОТОд ЈСП „Скопје“ попладнево се уплатениа по 6 милиони денари (100.000 евра) на трите компании.(Фото: СДК.МК)

    Приватните превозници од вторник, 7 октомври, ќе возат по редовен возен ред откако денеска возеа само до 5 до 10 часот бидејќи ЈСП им должи 1,5 милиони евра. Јовица Зафировски претставник на приватните превозници вели  дека од ЈСП „Скопје“ попладнево се уплатениа по 6 милиони денари (100.000 евра) на трите компании.

    „Оваа уплата не го покрива целиот долг, но како што кажавме ако ни се уплати одредена сума ќе продолжиме да возиме по редовен возен ред. Оваа сума по 6 милиони денари за трите компании е доволна за гориво само за две недели. Се надеваме дека во тој период ќе имаме нова уплата за да можеме без прекин да работиме“, вели Зафировски.

    Приватните превозници „Јофи бус“, „Вестор транс“ и „Радос компани“ кои сообраќаат во Скопје во петокот побараа од ЈСП да им биде исплатен вкупниот долг од 170 милиони денари, од кој, како што изјавија, во момент биле доспеани 90 милиони денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира