ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ЧЕКААТ ДА ИЗЛЕЗЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ДОКУМЕНТОТ ДЕКА КАПИТАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ НА 75 ДЕНАРИ, А НА СТОМАТОЛОЗИТЕ НА 61 ДЕНАР

    ПРИВАТНИТЕ ЛЕКАРИ ЧЕКААТ ДА ИЗЛЕЗЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК ДОКУМЕНТОТ ДЕКА КАПИТАЦИЈАТА ЌЕ СЕ ПОКАЧИ НА 75 ДЕНАРИ, А НА СТОМАТОЛОЗИТЕ НА 61 ДЕНАРОд протестот на матичните лекари на 8 април. (Фото: СДК.МК)

    Приватните лекари се во исчекување дали Владата ќе ја реализира најавата за покачување на капитацијата. Во време на нивниот протест на почетокот на септември, се појави документ во јавноста со нова повисока вредност на капитацијата за приватните лекари од 75 денари и со повисок бод на 61 денар за приватните стоматолози. Од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) велат дека засега тоа е само парче хартија без законска обврска некој да го спроведе.

    „Се појави документ со кој Владата им наложува на Министерството за здравство и на Фондот за здравство, во рок од 60 дена реализација на нашите барања, кои се таргетирани заедно со овие државни институции. Чекаме тој документ да се официјализира во Службен весник“, вели претседателката на ЗПЛМ д-р Лили Чолакова-Дервишова.

    Приватните доктори велат дека досега се изнаслушале вакви ветувања, но малку се реализирале. Затоа, чекаат период од два месеца кој Владата сама си го дала, рок за да биде официјализирана одлуката за повисока капитација.

    „Сведоци сме дека вакви документи имало и досега, истите завршувале во фиока. Членството ќе чека до почетокот на ноември што ќе се случи, дали од зборови ќе се премине на дело. Ако не се реализира, извесно е дека ќе има порадикален протест“, вели д-р Чолакова-Дервишова.

    Приватните лекари чекаат и промена на Правилникот за пациент на приватна ординација, да не се случува докторот на чие име е ординацијата, кога ќе се пензионира, оној што работи како колега и медицинската сестра да мора одат под Биро како невработени.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира