ПРИВЕДЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО КУМАНОВО ВО КОЈ ИЗГОРЕА КАНЦЕЛАРИЈА НА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНАТА И АВТОМОБИЛ НА ОБВИНИТЕЛ

    ПРИВЕДЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО КУМАНОВО ВО КОЈ ИЗГОРЕА КАНЦЕЛАРИЈА НА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНАТА И АВТОМОБИЛ НА ОБВИНИТЕЛВо пожарот изгоре канцеларијата на Фитор Јакупи, советникот на ДУИ во Советот на Општина Куманово, и автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами. (Фото: СДК.МК)

    Полицијата го уапси Ф. А. (35) од Куманово, под сомнение дека ги предизвикал пожарите во деловниот простор и на три автомобили во Куманово. Во пожарот изгоре канцеларијата на Фитор Јакупи, советникот на ДУИ во Советот на Општина Куманово, и автомобилот на обвинителот Џелал Бајрами.

    Тој бил пронајден на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, откако претходно биле добиени оперативни информации, па во координација на СВР Куманово со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле.

    „Ф. А. (35) од Куманово се сомничи дека на 2 декември во Куманово опожарил три патнички моторни возила и еден деловен објект. Ф. А. бил приведен и задржан во Полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти СВР Куманово.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира