ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД СКОПСКО ЗА ВООРУЖЕНИОТ ГРАБЕЖ НА СОПСТВЕНИК НА МЕНУВАЧНИЦА ВО КУМАНОВО

    ПРИВЕДЕНИ ДВЕ ЛИЦА ОД СКОПСКО ЗА ВООРУЖЕНИОТ ГРАБЕЖ НА СОПСТВЕНИК НА МЕНУВАЧНИЦА ВО КУМАНОВОРазбојниците го запалиле возилото „ренџ ровер“ со кое го извршиле грабежот. (Фото: СДК.МК)

    Две лица од скопското село Буковиќ се приведени под сомнение дека синоќа го извршиле вооружениот грабеж во Куманово, кога од кумановец одзедоа торба со пари.

    „Денеска се приведени М.А.(28) и Е.А.(32), двајцата од с.Буковиќ, скопско. Тие се сомничат дека на 15 март околу 20.20 часот на улица Доне Божинов во Куманово со патничко моторно возило ‘ренџ ровер’ со скопски регистарски ознаки удриле во патничко моторно возило ‘Фолксваген пасат’, кое го управувал С.С.(63) од Куманово. Притоа пукале кон С.С. и му одзеле торба со пари, а подоцна го запалиле возилото ‘ренџ ровер’“, соопшти МВР.

    Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

    Според жителите на улицата Доне Божинов, ограбениот кумановец е сопственик на менувачница и се враќал дома од работа. Напаѓачите го пресретнале и му го пресекле патот, по што со закана со пиштол ги одзеле парите и побегнале.

    На лице место дошла, противпожарната служба, полиција и брза помош.

    Вознемирени жители од околните куќи велат дека целата операција личела на филмски грабеж.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира