ПРОБИШТИП ВОВЕДУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО ОКОЛНИТЕ СЕЛА ВО ПОНЕДЕЛНИК И СРЕДА

    ПРОБИШТИП ВОВЕДУВА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ ДО ОКОЛНИТЕ СЕЛА ВО ПОНЕДЕЛНИК И СРЕДАПревозот ќе можат да го користат сите граѓани, без разлика на возраста (Фото: СДК.МК)

    Почнувајќи од утре, кога е пазарен ден во Пробиштип, жителите од овој град и од руралните средини во општината секои понеделник и среда ќе имаат бесплатен линиски превоз. Градоначалникот Драган Анастасов вели дека ова се воведува по барање на локалните пензионери, но превозот ќе можат да го користат сите граѓани, без разлика на возраста.

    Линискиот превоз се однесува на селата Добрево, Древено, Злетово, Ратавица, Стрмош и Пишица, а во план се и други подалечни села. За да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните, линиски превоз ќе има и секој понеделник, но вообичаено, најмногу потреба има во среда, кога жителите од руралниоте средини одат во Пробиштип не само за пазар, туку и за други потреби“, вели Анастасов.

    За реализацијата на овој проект, кој ќе трае до крајот на годината, Општина Пробиштип од својот буџет ќе издвои 563.000 денари. На јавна аукција избрани се приватните превозници чии автобуси ќе бидат на линија од 7:30 до 8 часот.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира