ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО 16-ГОДИШНИКОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, СОПСТВЕНИКОТ ТВРДИ ДЕКА ПЕДАЛИНКАТА НЕ СЕ ПРЕВРТЕЛА, ТУКУ МОМЧИЊАТА СКОКАЛЕ ОД НЕА

    ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО 16-ГОДИШНИКОТ КОЈ ИСЧЕЗНА ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО, СОПСТВЕНИКОТ ТВРДИ ДЕКА ПЕДАЛИНКАТА НЕ СЕ ПРЕВРТЕЛА, ТУКУ МОМЧИЊАТА СКОКАЛЕ ОД НЕАОд вчера водите ги пребаруваат и нуркачи од Охрид, но до претпладнево без успех. Во попладневните часови се очекува во потрагата да се приклучи и специјална единица од МВР. (Фото: СДК.МК)

    Педалинката на која се возеше момчето што исчезна вчера во водите на Преспанското Езеро беше исправна и не се преврти, туку момчињата скокаа од неа во водата, вели Ведат Адемовски од Асамати, сопственик на педалинките во Претор.

    ,,Децата ја зедоа педалинката и скокаа од неа. Изјавено било дека педалинката се отпревртила, такво нешто нема. Тие скокале од таа педалинка и се случи трагедија. Многу ни е жал. Беа три деца, двајцата излегоа, а ова скокнало и не се вратило повеќе. Можам да кажам дека на четири и пол метри длабочинa e местото каде што исчезна. Јас не бев тука, моето дете беше и тие учат заедно со моето дете. Многу ни е жал. Педалинката беше исправна и не беше полна со вода”, вели Адемовски.

    Во туристичката населба Претор денес продолжи потрагата по 16-годишниот И.М. од Ресенско кој вчера исчезна во водите на Преспанското Езеро додека возеа педалинка со други две момчиња. Во пребарувањето беше користена и долга рибарска мрежа- влак, но се заплеткувала со треви од езерото. Од вчера водите ги пребаруваат и нуркачи од Охрид, но до претпладнево без успех. Во попладневните часови се очекува во потрагата да се приклучи и специјална единица од МВР.

    Плажата во Претор, која вчера за Илинден беше полна туристи, денес е речиси празна. Присутни беа само неколку семејства кои дојдоа да се оладат во Претор. Но, настанот ги растревожи и некои ја напуштија плажата. Сепак, голем број возила утрово се упатија кон другите плажи во Преспа.

    Повозрасни преспанци коментираат дека нема лето да помине без ваква несреќа во Преспа.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира