ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ХРАНА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ОДАТ НА РЕГУЛИРАНИОТ ПАЗАР СО ПОНИСКА ЦЕНА НА СТРУЈА, НАЈАВИ БИТИЌИ

    ПРОИЗВОДСТВЕНИТЕ КАПАЦИТЕТИ ЗА ХРАНА НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ ОДАТ НА РЕГУЛИРАНИОТ ПАЗАР СО ПОНИСКА ЦЕНА НА СТРУЈА, НАЈАВИ БИТИЌИБитиќи денеска потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ во вредност од 25 милиони и 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години. (Фото: СДК.МК)

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека вчера на Влада разговарарале за одредени неконвенционални мерки за да го прекинат овој ланец на зголемување на цените и дека една најверојатно ќе биде сите производствени капацитети од прехраната да влезат на регулираниот пазар за струја.

    „Една од мерките која најверојатно ќе ја дадеме е сите производствени капацитети од прехраната да влезат на регулираниот пазар со пониска цена на електрична енергија и така струјата да не влијае дополнително врз понатамошното зголемување. А Министерството за земјоделство преку интервентниот фонд се обидува да направи добра интервенција кај земјоделските продукти кои не би требало понатаму да растат како основни суровини во производството на храна”, рече Битиќи при денешната посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола, прашан дали ќе се преземат и други мерки освен ограничувањето на маржата.

    Тој кажа дека во септември инфлацијата беше околу 18, 6 проценти, а до крајот на годината се очекува во просек да изнесува 11, 6 проценти. Битиќи додаде дека мора да се види дали инфлацијата целосно е направена само од еден сегмент или е увознозависна, а тоа е дека не е мотивирана само од прехранбените продукти и растот на цените туку и од други варијабли.

    Битиќи денеска потпиша нов договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“ во вредност од 25 милиони и 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години, а предвидува проширување не само на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за „ауди 4“, новиот модел „ауди А6“. Ова е трет договор со оваа компанија за помош, која е според Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира