ПРОТЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО ТЕТОВО, НЕКОИ ДЕСЕТ ГОДИНИ РАБОТАТ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО, А СЕГА И ДВА МЕСЕЦА НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТА

    ПРОТЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО ТЕТОВО, НЕКОИ ДЕСЕТ ГОДИНИ РАБОТАТ СО ДОГОВОР ЗА ДЕЛО, А СЕГА И ДВА МЕСЕЦА НЕ ЗЕЛЕ ПЛАТАМедицинските сестри велат дека бараат да им се даде ветеното и да добијат решение за трајно вработување (Фото: СДК.МК)

    Медицинските сестри од Клиничката болница во Тетово денеска излегоа на протест во кругот на болницата незадоволни од тоа што со години чекаат решение за трајно вработување и што два месеца не им е исплатена плата. Во протестот учествуваше и помошниот

    персонал од болницата, кој се соочува со истиот проблем.

    Ние бараме да ни се даде ветеното, да добиеме решение за трајно вработување. Јас шест години го чекам тоа решение, а има колешки кои го чекаат и повеќе, по десет години. Над 100 медицински сестри, како и друг помошен и административен персонал од болницата со години работат со договор за дело, без здравствено осигурување и без надоместок за работен стаж. И претходната влада, а и оваа ни ветуваа вработување на неопределено време, но нема ништо од тоа. Освен тоа, веќе два месеца немаме земено плата, за март и април. Мислам дека вредно работиме, го знаат тоа и пациентите и нашите колеги кои имаат решенија и мислам дека и за нас треба ова прашање конечно да се реши“, вели една од медицинските сестри која беше на протестот.

    Од кругот на Клиничката болница, медицинските сестри по одговор на нивните барања се упатија кај директорот на оваа здравствена установа во Тетово.

    Ние како Клиничка болница сме барале да се реши овој проблем, но тоа не е до нас. Сме барале од Министерството за финансии да се обезбедат средства, со оглед на тоа што Министерството за здравство одобри да се продолжат договорите од март до декември оваа година, но од Финансии уште немаме одговор. Сега Владата ќе прави реорганизација и ќе се објават огласи за вработување за да нема веќе договори за дело“, изјави Агим Бериша, директорот на Клиничката болница во Тетово.

    Ова не е прв протест на медицинските сестри од Клиничката болница поради овој проблем. Неодамна, при посета на тетовската болница, тогашниот министер за здравство Арбен Таравари најави дека овој проблем ќе се реши, но ова остана само на ветување.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира