ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД ОТИ СЈО ГИ ПОВИКАЛО НА РАСПИТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД ОТИ СЈО ГИ ПОВИКАЛО НА РАСПИТ

    Стотина демонстранти се собраа пред полициската станица во Охрид, кадешто денеска почна распитот на сегашни и поранешни раководители на разни институции во градот, членови на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Специјалното јавно обвинителство. Ова е прв ваков протест пред полицијата, иако и претходно охриѓани биле повикувани на распит од СЈО за други предистражни постапки, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори.

    Неофицијално, распитот на околу 180 лица ќе трае и утре, а е поврзан со финансирањето на изборната кампања. Меѓу демонстрантите пред полицијата се и пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, кој е и претседател на партискиот огранок во Охрид.

    Протестот засега минува мирно,без инциденти

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира