ПРОТОКОЛОТ Е ЈАСЕН, НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ УКИНЕ ИЗОЛАЦИЈАТА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА СОТИРОВСКА-БУХОВА

    ПРОТОКОЛОТ Е ЈАСЕН, НА КУМАНОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ УКИНЕ ИЗОЛАЦИЈАТА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРКАТА СОТИРОВСКА-БУХОВАМаксим Димитриевски на прес-конференциите на кумановскиот кризен штаб, еден ден пред да биде позитивен на тестот за коронавирус. (Фото:СДК.МК)

    На градоначалникот Максим Димитриевски не може да му биде укината изолацијата додека не поминат 14 дена и не му биде направен втор тест, кажа денеска директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотировска-Бухова.

    Градоначалникот на Куманово Димитриевски вчера на својот Фејсбук профил објави дека е негативен на КОВИД-19 откако повторно се тестирал во релевантни лаборатории и побара да биде укината самоизолација за него и за неговата сопруга.

    „Протоколот за лекување на КОВИД-19 позитивни кои се на домашно лекување е јасен и прецизен, и не може да се прекине до извршување на решението. Пациентот мора да остане на домашно лекување до истекот на 14. ден односно тогаш ќе почне процесот на повторно тестирање за да се види дали е позитивен или негативен на вирусот“, кажа Сотировска-Бухова одговарајќи на новинарско прашање дали ќе му биде униката изолацијата на кумановскиот градоначалник Димитриевски.

    Бухова кажа дека завршил и инспекцискиот надзор во однос на тоа дали има прекшување на протоколите при посетата на премиерот Оливер Спасовски и дел од министри во Владата на Куманово, но не прецирираше што се заклучоците.

    „Констатирани се одредени недостатоци. Државниот инспекторат може само да препорача сите лица да се придржуваат на препораките и мерките за носење заштитна опрема и одржување на растојание од 2 метри. Овој предмет е завршен и предаден во Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство“, кажа Сотировска-Бухова.

    Димитриевски беше потврден за позитивeн на коронавирус на 16 април, заедно со уште 40 кумановци, меѓу кои и петмина члeнови на Општинскиот штаб за заштита и спасување. Еден ден пред тоа се одржа проширена седница на штабот на која присуствуваше премиерот Оливер Спасовски и тројца министри, поради што тие мораа во самоизолација.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира