РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДОНЕСЕ МИР И ЈА ПРЕОБРАЗИ ДРЖАВАТА, РЕЧЕ АРТАН ГРУБИ НА 20-ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО ПОТПИШУВАЊЕ

    РАМКОВНИОТ ДОГОВОР ДОНЕСЕ МИР И ЈА ПРЕОБРАЗИ ДРЖАВАТА, РЕЧЕ АРТАН ГРУБИ НА 20-ГОДИШНИНАТА ОД НЕГОВОТО ПОТПИШУВАЊЕТрибината „20 години од Охрид“ се одржа на Државниот универзитет во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Со трибина на Државниот универзитет во Тетово, денеска беше одбележана 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Организатори на трибината „20 години од Охрид“ беа Државниот универзитет во Тетово и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

    Како панелисти учествуваа вицепремиерот Артан Груби, д-р Дејвид Хјуит од Универзитетот Колумбија во САД, д-р Арсим Најрами од Универзитетот во Приштина и професорите од Универзитетот во Тетово, д-р Шефик Шеху, д-р Ибиш Кадриу и Шерузе Бајрами.

    „Многу сум задоволен што сум денеска тука и ја одбележуваме 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор во една од институциите која е најдиректен резултат на овој договор, а тоа е Тетовскиот универзитет. Тој за сите нас е референца за успешната приказна на Охридскиот рамковен договор, кој покажа дека никој не изгуби. Сите победија, донесе мир, го преобрази нашето општество и ја отвори евроатланската перспектива за нашата држава. Нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор е усвоен од страна на Собранието и институциите на земјата. Имплементирањето е секојдневно и доживотно“, изјави Груби.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира