РАСПУКА КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ ВО ДОЛЖИНА ОД 20 МЕТРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАСПУКА КАМЕНИОТ МОСТ ВО СКОПЈЕ ВО ДОЛЖИНА ОД 20 МЕТРИ

    Пукнатина долга дваесетина метри се отвори на Камен мост, симболот на Скопје. Таа е од десната страна на мостот во правец од Стара чаршија кон Плоштадот Македонија.
    На неколку места пукнатината во травертинските плочки е широка и по неколку сантиметри.
    Од Град Скопје, носители на последната обнова на мостот која заврши во 2004 година, велат дека мостот не е нивна надлежност.
    „Камен мост е утврден како објект од прва категорија национално културно наследство и неговата заштита е во надлежност на Министерствот за култура“, велат од Град Скопје и посочуваат дека Министерството е надлежно за сите тековни состојби и активности на мостот.
    Травертинот, кој сега е распукан, на мостот беше поставен 2004 година кога градоначалник на Скопје беше Ристо Пенов. Се вадеше од рудникот „Матка“, а се сечеше и се обработуваше во погон во Куманово. Травертинот ја замени старата коцка со која беше поплочен мостот по целата негова должина. Градските власти ја извадија и старата железна ограда и на нејзино место поставија блокови травертин.
    Во постапката за замена на оградата, летото 2002 година кога работниците го исекоа железото на оградата, во водите на Вардар се урна Стражарската кула. Обновениот Камен мост беше пуштен во употреба 2004 година, но без Стражарска кула. Таа беше повторно изградена во 2008 година. Од тогаш, досега неколку пати се интервенираше на осветлувањето на мостот. Се осветлуваа арките, а се поставуваше светло и од надворешната страна на оградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира