РАСПУКА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ОХРИД, КАПЕТАНИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА СТАБИЛНОСТА НЕ Е НАРУШЕНА

    РАСПУКА ПРИСТАНИШТЕТО ВО ОХРИД, КАПЕТАНИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА СТАБИЛНОСТА НЕ Е НАРУШЕНАПукнатината е кај пристапниот дел кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни објекти. (Фото: СДК.МК)

    Градското пристаниште во Охрид се расцепи. Голема пукнатина може да се види на пристапниот дел на пристаништето, единствено од ваков вид на нашите три големи езера.

    Капетанот на Капетанијата на македонските езера Горан Устијаноски вели дека оваа пукнатина не ја загрозува стабилноста на пристаништето.

    „Оштетувањата на пристаништето настанаа по големото невреме во март годинава кога настрада добар дел од крајбрежјето. Главно е дека оваа пукнатина не ја загрозува стабилноста на објектот. Тоа е пристапниот дел кој служи за спуштање на кајчиња, глисери и други помали пловни објекти. Откорнатите камења се тука до самиот оштетен дел и сега е потребен е само еден помал зафат сето тоа да се санира. Проценките говорат дека санацијата може да се изврши со околу 12.000 денари. За овој проблем се известени надлежните органи во градот и наскоро очекуваме дека овој проблем ќе биде разрешен. Има помали оштетувања и на делот од кејот пред хотелот ’Александрија‘, каде што се отпаднати некои ивични камења. Но, и тоа ќе го санираме“, вели капетанот Горан Устијаноски.

    Градското пристаниште во Охрид е изградено во 30-тите години од минатиот век и со помали интервенции на оштетувањата предизвикани од бурите, сè уште опстојува.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира