РЕДИЦИ ПРЕД ДЕЛ ОД ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ВО БИТОЛА ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТ

    РЕДИЦИ ПРЕД ДЕЛ ОД ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ВО БИТОЛА ПОРАДИ ПРОБЛЕМИ СО УРЕДИТЕ ЗА ОТПЕЧАТОК ОД ПРСТИ од Општинската изборна комисија (ОИК) потврдија дека имаат проблеми со новите уреди и со тоа процесот за гласање се одвива побавно, но не запира. (Фото: СДК.МК)

    На повеќе гласачки места во Битола има редици гласачи кои чекаат да дојдат на ред за гласање, бидејќи има проблеми со уредите за отпечаток од прст.

    „Чекаме веќе 15 минути за да дојдеме на ред, гласањето трае побавно од изминатите циклуси поради проблеми со уредите за биометриска идентификација. Во ходниците се прават редици. Досега никој не е вратен од гласање, само што треба стрпливост и да се почека“, рече Сашо Богдановски, гласач од Битола.

    И од Општинската изборна комисија (ОИК) потврдија дека имаат проблеми со новите уреди и со тоа процесот за гласање се одвива побавно, но не запира.

    „Сите 170 избирачки места во Битола се отворени навреме во 7 часот , право на глас имаат 80.882 избирачи. Гласањето тече нормално, со одредени технички проблеми со новите уреди за биометриска идентификација на гласачите. Тие се решаваат со помош на техничките лица ангажирани од ДИК и си продолжува гласањето. Претседателите и замениците на одборите имаа обука, но не се технички лица и немаат познавање како да ги отстранат ваквите проблеми. Со помош на информатичарите се отстрануваат и гласањето продолжува. Имаше на неколку места каде уредот целосно не беше во ред, па вршиме замена со резервни уреди кои ни се доставени од ДИК“, рече претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски.

    Вчера гласаа затвореници и притвореници, меѓу кои и три лица од куќен притвор, односно ексградоначалникот Валдимир Талески и поранешниот секретар на Општината Слободан Бончановски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира