РЕКОНСТРУИРАНО ПАЦИОТО ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА И ПОСТАВЕН ЛАПИДАРИУМ СО 15 МЕРМЕРНИ СКУЛПТУРИ

    РЕКОНСТРУИРАНО ПАЦИОТО ВО ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА И ПОСТАВЕН ЛАПИДАРИУМ СО 15 МЕРМЕРНИ СКУЛПТУРИСтојанова, Гир, градоначалникот Тони Коњановски и Костадиновска-Стојчевска на свеченоста. (Фото: СДК.МК)

    Со европски пари реконструирано е Пациото во Завод и музеј Битола, простор кој е дел од старото воено училиште каде некогаш учел реформаторот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататрук, а денес се користи како простор за културни настани. Парите беа издвоени од ИПА проект за прекугранична соработка со Албанија, а кофинансираше и Министерството за локална самоуправа.

    „Во изминатиот период, институцијата изврши реконструктивни зафати во овој дел од објектот каде се поставени нова инсталација, одвод, гранитни плочи и коцки и пристапни рампи за лица со попреченост. Овој простор сега е претворен во лапидариум каде се поставени 15 мермерни скулптури со соодветно оветлување, кои досега не биле презентирани пред јавноста како и споменици од различни временски периоди откриени во Хераклеја и на други наоѓалишта“, рече министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

    На свеченоста присуствуваше и евроамбасадорот Дејвид Гир кој рече дека ова е уникатен простор, а ЕУ помогна во зачувувањето на неговата убавина за да може да служи за уште многу уметнички настани.

    Директорката на Завод и музеј-Битола Мери Стојанова рече дека ова беше сон на многу нејзини колеги, битолчани да го видат Пациото со ново руво, реконструирано, средено, соодветно осветлено.

    „Пацио во кое успеваме преку поставениот лапидариум да ги поврземе нашето минато, сегашност и иднината“, рече Стојанова.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира