РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТСЕГА ЌЕ СЕ ЧИСТИ СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН ВО НЕДЕЛА

    РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР ЕЗЕРО МЛАДОСТ ОТСЕГА ЌЕ СЕ ЧИСТИ СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН ВО НЕДЕЛАЦентарот досега се чистеше само еднаш неделно, па остануваа купишта ѓубре (Фото: СДК.МК)

    Шест пати во неделата ќе се чистат патеките и летниковците во рекреативниот центар езеро Младост. Ова е одлука на Советот на Општина Велес донесена со мнозинство гласови по точката за одржување на јавната чистота. Ова е новина во однос на досегашната пракса тие да се чистат еднаш неделно, што предизвикуваше силни реакции кај граѓаните поради големото количество насобран смет.

    „Одржувањето на хигиената ќе биде секој ден освен во недела, во периодот од 1 април до 31 декември. Работник во една, прва смена ќе ги одржува малата и големата пешачка патека, летниковците со корпите за отпадоци, пристапните улици во викенд зоната и зоната за домување“, пишува во одлуката.

    Рекреативниот центар во долниот тек на реката Бабуна ќе се чисти со досегашната динамика, двапати годишно, во јуни пред сезоната за капење и во септември по завршувањето на сезоната. Четири пати годишно се чисти крајбрежјето на Вардар низ Велес, од Железен мост до Стар мост: за Водици, во април, август и октомври.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира