РИБИВЕ ШО МЕ ГЛЕДЕТ СИ ВИКЕТ ОВОЈ НЕ Е НОРМАЛЕН, РЕКОА ОХРИДСКИТЕ НУРКАЧИ ОТКАКО ОД ЕЗЕРОТО ИЗВАДИЈА ВРЕЌА СО ПЛОЧКИ

    РИБИВЕ ШО МЕ ГЛЕДЕТ СИ ВИКЕТ ОВОЈ НЕ Е НОРМАЛЕН, РЕКОА ОХРИДСКИТЕ НУРКАЧИ ОТКАКО ОД ЕЗЕРОТО ИЗВАДИЈА ВРЕЌА СО ПЛОЧКИПлочките биле лоцирани лани (Фото: Акватик)

    Нуркачите од Акватек” вчера од Охридското Езеро извадија вреќа полна со плочки, која ја лоцирале во 2018 година.

    „Полека, но сигурно, до крајот на сезонава ќе го реновираме апартманчето“, се пошегуваа од „Акватек”, алудирајќи на веќе извадените предмети од езерското дно.

    Плочките и кадата извадени од езерото (Фото: Акватик)

    Ова уследи само неколку дена откако од езерото беше извадена када, што некој ја фрлил кај Мостот на желбите, на околу 100 метри од брегот. Се претпоставува дека таа била донесена со кајче, а потоа фрлена.

    „Рибиве шо ме гледет си викет, овај не е нормален“, рече еден од нуркачите по последната акција на вадење на кујнски предмети.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари