РИЗИЧНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НАД 2.000 ЛУЃЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Кавадарци,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РИЗИЧНО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА НАД 2.000 ЛУЃЕ ВО КАВАДАРЕЧКО

    Ризично е водоснабдувањето на 2.142 жители од кавадаречки и росомански села, кои вода обезбедуваат преку локални селски водоводи, природни чешми и бунари. Ова меѓу другото стои во одговорот добиен од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Кавадарци, на прашањето за квалитетот на вода во кавадаречка и росоманска општина.

    Раководителот, доктор Трајче Ризов, специјалист по хигиена, информира дека во текот на 2016 година од нивна страна биле испитани вкупно околу 600 мостри вода за пиење, како од градскиот водовод „Лукар“ така и од  сите останати водоводни објекти (локални селски водоводи, чешми и бунари) во општините Кавадарци и Росоман.

    „Мострите на вода за пиење, околу 150, земени од селските локални водоводи од кои само кај неколку се врши дезинфекција на водата односно хлорирање, а останатите се оставени сами на себе, покажуваат голема бактериолошка неисправност и тоа од 40 до 70 проценти. Кај останатите 50 мостри земени од други водоводни објекти (природни чешми и бунари), водата покажува најголем процент на бактериолошка неисправност од 80  до 90 отсто“, пишува во информацијата.

    Кај бактериолошките неисправни мостри на вода се изолирани бактерии индикатори на фекално загадување, најчесто ешерихија коли и колиформни бактерии предизвикувачи на цревни заразни заболувања, додека физичко-хемиската неисправност е поради тоа што кај најголем број на локалните водоводи не се врши хлорирање на водата.

    Околу 400 мостри се испитани од градскиот водовод „Лукар“ (градска мрежа, стопански организации и села приклучени на градскиот водовод) и сите се како физичко-хемиски така и бактериолошки исправни,  односно водата е безбедна за пиење.

    „Градот Кавадарци, селата приклучени на градскиот водовод ‘Лукар’ и села со локален водовод каде се врши хлорирање на водата со вкупно 40.740 жители или 95 проценти  од вкупното население во двете општини , редовно се снабдуваат со хигиенски исправна вода за пиење, додека кај 5 отсто од населението  водоснабдувањето е ризично“, се вели во информацијата.

    Ризов со препорака да се изврши санација на сите локални селски водоводи и да се спроведува редовно дезинфекција односно хлорирање на водата,  за да се добие безбедна вода за пиење и кај тие пет отсто од  населението во двете општини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира