РОДИТЕЛ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ЗА ПОЛИТИЧКА АГИТАЦИЈА ПРЕД ДЕЦА

    РОДИТЕЛ ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ЗА ПОЛИТИЧКА АГИТАЦИЈА ПРЕД ДЕЦАДиректоротнагимназијата„МирчеАцев“КиреНиколоски,истакнатчленнаопштинскиоткомитетнаВМРО-ДПМНЕодПрилеп,еубедендеканегипречекорилсвоитеовластувањакакодиректорипрофесорпоисторија(Фото:СДК.МК)

    Родител на ученик од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска поднесе кривична пријава против директорот Кире Николоски, кого учениците го обвинија пред два дена дека држи политички говор со цел да ги стимулира да одат на протестите против т.н. Тиранска платформа. Директорот Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп

    „Против директорот на гимназијата ‘Мирче Ацев’ од Прилеп Кире Николоски, до Основното јавно обвинителство поднесуваме кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, поради потикнување и овозможување на учениците да го напуштат наставно- образовниот процес, спротивно на Законот за средно образование, без одлука на Училиштен одбор, без негова формална одлука како директор и спротивно на Статутот на училиштето“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Жарко Стеваноски, полномошникот на родителот на ученик во прилепската гимназија.

    Родители на повеќе ученици од гимназијата кои по вчерашниот протест во дворот на училиштето не успеаја, денеска сепак лично му ги предадоа барањата на директорот Николоски.

    „Ние сме загрижени за безбедноста на нашите деца, затоа што директорот на гимназијата им овозможува на ученици од други училишта непречено да влегуваат во просториите на училиштето, со знамиња и транспаренти со што ја нарушува безбедноста и сигурноста на нашите деца. Бараме одговорност од директорот и од наставничкиот совет. Не смее директор да држи политички говори на нашите деца, Инспекторатот да преземе итно мерки“, изјавија родителите.

    Директорот Николоски, денеска не одговори на телефонските повици. Ни Просветниот инспекторат од Прилеп не се огласи со некаков одговор. И Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески останаа неми на случувањата во гимназијата.

    А, протестите на средношколите кои очигледно имаат голема поддршка од директорите и денеска тргнаа од индустриското училиште „Ристе Ристески-Ричко“ и продолжија во гимназијата. Група ученици пред крајот на вториот час со знамиња во рацете дојдоа до влезната врата на гимназијата.

    „Се собравме многу гимназијалци и не им дозволивме денеска да не малтретираат и да влезат во училиштето. Ние не сакаме да бидеме инволвирани во политички протести, сакаме образование и квалитетна настава. Затоа што не излегуваме да протестираме не провоцираа дека сме предавници, а на професорка не ѝ дозволуваа да влезе во училиштето. Ова е скандал. И никој не реагира“, реагираат учениците, кои на своите фејсбук профили објавија видео клип и од денешните протести во гимназијата.

    Друга професорка во прилепската гимназија за САКАМДАКАЖАМ.МК  потврди дека долго време била изложена на политички мобинг. А, овој пат имала и вербален конфликт со директорот, затоа што на учениците им кажала дека ако одат на протест ќе имаат неоправдан изостанок.

    Иако за време на протестите на Средношколскиот пленум беа затворани вратите на прилепската гимназија и на учениците не им беше дозволувано да одат на протести, сега како што потврдуваат учениците се повикуваат преку ученици од други училишта да ја напуштат наставата, без да имаат неоправдани изостаноци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира