РУИНИРАНИ И НАПУШТЕНИ КУЌИ, ОПАСНОСТ ПО ОКОЛИНАТА ВО ВЕЛЕС

    РУИНИРАНИ И НАПУШТЕНИ КУЌИ, ОПАСНОСТ ПО ОКОЛИНАТА ВО ВЕЛЕСПостои можност да паднат во дворот на соседите, на улица, и да предизвикаат штета, но и повреди по луѓето. (Фото: СДК.МК)

    Во повеќе случаи, соседи реагираат на стари куќи во Велес, кои се опасност и по нив, но и по минувачите. Реакциите се дека стари куќите се заборавени од нивните сопственици, наследници, кои не се грижат па тие се руинирани и во фаза на паѓање. Така постои можност да паднат во дворот на соседите, на улица, и да предизвикаат штета, но и повреди по луѓето.

    „Куќата на соседите е во толку лоша состојба,. што секој момент може да падне во дворот кај нас. Се обидувавме преку општина да го решиме проблемот, оти наследниците никаде ги нема, но безуспешно. А опасност е присутна“, вели велешанец кој повеќе од две години се судрува со овој проблем.

    Стари куќи се заборавени од нивните сопственици, наследници, кои не се грижат, па тие се руинирани и во фаза на паѓање. (Фото: СДК.МК)

    Од локалната власт на поставено прашање велат дека тие постапуваат во согласност со законските прописи.

    „Локалната власт ги пронаоѓа сопствениците на старата куќа и ги известува дека се одговорни за отстранување на стариот објект инаку сите штети направени од таа постапка треба да се на товар на сопствениците на објектот“, велат од Општина Велес.

    Идентична е постапката и кога парчиња од фасади паѓаат од станбени згради на тротоарот, што се случува во централното градско подрачја, па сопствениците се задолжени да ја санираат фасадата, оти во спротивно тие ги сносат последиците од евентуалните штети во следен таков случај.

    Останува примерот од пред осум години кога локалната власт ја купи куќата која беше во фаза на паѓање, лоцирана на свиокот од улицата каде е лоцирана спомен куќата на Кочо Рацин. Тука сега има мурали на Тоше Проевски и Кочо Рацин.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира