САМО ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ И ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕС СЕ ИСПРАВНИ ЗА КАПЕЊЕ, РЕКИТЕ ВАРДАР, БАБУНА И ТОПОЛКА СЕ БАКТЕРИОЛОШКИ ЗАГАДЕНИ

    САМО ЕЗЕРОТО МЛАДОСТ И ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕС СЕ ИСПРАВНИ ЗА КАПЕЊЕ, РЕКИТЕ ВАРДАР, БАБУНА И ТОПОЛКА СЕ БАКТЕРИОЛОШКИ ЗАГАДЕНИИспитувањата на квалитетот на водите од Езеро Младост се врши на две плажи,Романтик и Градска плажа на влезот од езерото и сите осум параметри одговараат на бараните микробиолошки критериуми. (Фото: СДК.МК)

    Само водите на Езерото Младост и на Градскиот базен во Велес се исправни за капење и рекреација од повеќето рекреативни излетнички места, каде велешани ги минуваат летните горештини. Сите други, реките Бабуна и Тополка во долниот тек на Вардар во целиот тек низ Велес не се препорачливи ниту за капење, ниту за полевање и за наводнување или поење на стока, оти се бактериолошки загадени.

    „Само водите на езеро Младост и Градскиот базен се епидемиолошки сигурни и може да се користат за капење и рекреација. Испитувањата на квалитетот на водите од Езеро Младост се врши на две плажи, Романтик и Градска плажа на влезот од езерото и сите осум параметри за периодот мај-јули одговараат на бараните микробиолошки критериуми“, кажа спец. д-р Снежана Петрова од Центарот за јавно здравје Велес (ЦЈЗ).

    Испитување на квалитетот на водите на Вардар кај Велес се врши на две мерни места, на влезот кај мостот на Башино Село и на излезот кај Долни Дуќани.

    Анализите покажуваат дека водите се во четврта класа по присуство на амонијак и бактериолошка контаминација. Квалитетот на водите на Бабуна се врши на едно мерно место викано Прва плажа, кај фудбалското игралиште. Водите на Бабуна се во трета класа по бактериолошка контаминација. Реката Тополка во долен тек, пред вливот во река Вардар е во трета класа по бактериолошка контаминација.

    Сите овие води не треба да се користат за капење, рекреација и наводнување, констатираат од Центарот за јавно здравје. Тие го мерат и квалитетот на водите на базените од хотелите во градот и сите контроли на водата покажале дека таа е препорачлива за рекреација.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира