САНИРАН Е ДЕФЕКТОТ НА ДАЛНОВОДОТ ШТО ГИ ОСТАВИ ОХРИДСКИТЕ ХОТЕЛИ БЕЗ СТРУЈА ВО РЕКОРДНИОТ ТУРИСТИЧКИ ВИКЕНД, ВЕЛАТ ОД ЕВН

    САНИРАН Е ДЕФЕКТОТ НА ДАЛНОВОДОТ ШТО ГИ ОСТАВИ ОХРИДСКИТЕ ХОТЕЛИ БЕЗ СТРУЈА ВО РЕКОРДНИОТ ТУРИСТИЧКИ ВИКЕНД, ВЕЛАТ ОД ЕВНВо Охрид за продолжениот илинденски викенд и поради ковид-19 ограничувањето за патувања во странство има незапамтено голем број туристи; - Плажата Оревче во Градиште. (Фото: СДК.МК)

    Големиот дефект, кој неколку часа го остави источното охридско крабрежје без струја во саботата попладне, е саниран, изјавија за САКАМДАКАЖАМ.МК од ЕВН Македонија и уверуваат дека сите потрошувачи веќе имаат струја.

    Од таму велат дека причина за неколкучасовниот прекин бил дефект на далновод.

    „Точно е дека на овој дел од охриското крабрежје дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија. Дефектот е саниран и сите наши ценети портошувачи имаат струја“, ни изјавија од контакт-центарот во ЕВН-Македонија без да прецизираат колку време траела поправката на далноводот.

    Речиси целото источно крајбрежје каде што се наоѓаат најголемите хотели и туристички населби немаше струја од 16 до околу 20 часот, а потоа имаше уште два прекини од по десетина минути до кај 22 часот.

    Од ЕВН велат дека без струја биле само Пештани, Трпејца и Љубаништа, но неколку хотелиери со кои разговаравме денеска велат дека струја немало повеќе часови на потегот од Свети Стефан до Свети Наум и дека дефектот бил непријатен затоа што во Охрид за продолжениот илинденски викенд и поради ковид-19 ограничувањето за патувања во странство има рекорден број туристи. Покрај ограничувањата за послужување храна и пијачки, прекинот создал проблем и во компјутерските системи за резервација и нарачки, како и во телефонијата и интернетот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира