СЕ БАРААТ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ, НА НЕКОИ ОБЈЕКТИ ЛАНИ СЕ РАБОТЕЛО САМО 10-15 ДЕНА

    СЕ БАРААТ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА РАБОТА НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ, НА НЕКОИ ОБЈЕКТИ ЛАНИ СЕ РАБОТЕЛО САМО 10-15 ДЕНАЕдна од капиталните инвестиции на локалитетoт Стоби е санацијата и конзервацијата на Теодосијанската палата (Фото: СДК.МК)

    Вработените во НУ Стоби очекуваат годинава да добијат повеќе средства од Министерството за култура и туризам за да можат да работат непречено на локалитетот. Минатата година добиле средства преку проекти кои ги сработувале за мал број денови. Ако не беа летните школи финансирани од странски фондации, немаше да има континутитет на работа во летниот период.

    Лани установата доби само 3,5 милиони денари за работа по проекти, што е најмалку откако постои од 2008. Овде имаме објекти кои заслужуваат многу внимание и бараат многу средства за работа за да можат соодветно да бидат презентирани. Еве, театарот го работиме од 2014 и секоја година средствата се намалуваат, па лани колегите работеа таму само 10-15 дена. Уште еден објект кој е единствен на Балканот, градбата со арки со фантастична ѕидна и подна декорација, тотално е запоставен. Оваа година фокусот ќе биде на него“, кажа Силвана Блажевска, директорката на НУ Стоби.

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков вети зголемување на средствата за работа, но постепено.

    Многу е тешко кога со години опаѓале средствата за капитални инвестиции и проекти, за една година да се вратат на старите позиции. Театарот требаше да биде приоритет во санацијата и конзервацијата. Не само поради локалитетот, туку и од комерцијална причина. Таму со години се одржуваше театарскиот фестивал на античка драма Стоби. Многу е важно театарот да се заврши што побргу и да се реши прашањето на сувенирницата на влезот од објектот. Годинава ќе имаме преоден буџет, но од 2026 очекувам сериозно зголемување на средствата за работа на Стоби“, кажа Љутков.

    Една од капиталните инвестиции на локалитетoт Стоби е санацијата и конзервацијата на Теодосијанската палата, проект вреден 300.000 долари, финансиран од фондацијата „Каплан“ од САД, кој годинава завршува. Наспроти растечкиот број туристи последните години кои го посетуваат локалитетот, лани е забележан пад на посетеноста.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира