Општина Куманово ќе ги чисти каналите и речните корита, по големите поплави во скопскиот регион. Акцијата започна од потокот Серава, најголемото сливно подрачје во градот кое доаѓа од наплатната рампа Романовце, а ќе продолжи во реките Кумановка, Липковка и Којнарка.
Жителите од населбата „Тоде Мендол“ велат дека каналот бил целосно обраснат во дрва, џбунови и затрпан со смет, поради што се плашеле доколку паднат големи врнежи водата ќе заврши во нивните домови и ќе се повтори големата поплава од 1976 година кога го однела Куманово.
„Каналот не е чистен повеќе од 4-5 години. Целосно беше затнат, дали 10 отсто пропушташе вода. Имаше тука фрлено мебел за цела куќа, од врати и прозорци до фотељи. Да заврнеше овде како во Скопје ќе не поплавеше. Јас ја паметам поплавата во Куманово тогаш водата ми беше до вратот. Не дај Боже да се повтори”, вели еден од жителите од околните куќи.
По големата поплава пред 40 години изграден е каналот за атмосферска канализација кој се влева во реката Липковка, висок е 3 метри а широк 8 метри и има огромна пропусна моќ, но поради несовесното однесување на поедини граѓани постојано е затрпан со смет.
„За 4 дена на 100 метри извадени се 600 кубика ѓубре. Се надевам дека конечно ќе проработи еколошката свест кај граѓаните и ќе ја зачуваат животната средина. Сметам дека ова чистење ќе вроди со плод и ако имаме обилни дождови на есен ќе ги дочекаме подготвено”, изјави градоначалникот Зоран Дамјановски при денешната обиколка на терен.
Акцијата за чистење на каналите и реките ќе трае до крајот на септември а ќе ја чини општина Куманово 2.8 милиони денари.
СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИТЕ ВО КУМАНОВО ЗА ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ ПОПЛАВАТА ОД 1976 ГОДИНА
a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)
Содржината на текстовите во категоријата Дописна мрежа е единствена одговорност на www.sdk.mk и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.