СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КУМАНОВО

    СЕ ДЕЗИНФИЦИРААТ ЈАВНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КУМАНОВОДосега извршена е дезинфекција на двата плоштада, занаетчискиот дом, училишта, урбана опрема, автобуските постојки, детски катчиња, тениски игралишта, катната гаража и улиците и тротоарите во централното градско подрачје. (Фото: СДК.МК)

    Екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово интензивно работат на дезинфекција на јавните површини во градот, каде фреквенцијата на луѓе е голема и постои опасност од пренесување на коронавирусот. Досега извршена е дезинфекција на двата плоштада, занаетчискиот дом, училишта, урбана опрема, автобуските постојки, детски катчиња, тениски игралишта, катната гаража и улиците и тротоарите во централното градско подрачје.

    „Паралелно, продолжува и процесот на перење на улиците и дезинфекција со посебно средство на целокупната урбана опрема како садови за смет, мали канти, корпи за отпадоци, клупи, постојки и заштитни столпчиња на коишто исто така се пренесува вирусот. Се претпоставува дека вирусот се пренесува и преку асфалтот, затоа оваа акција интензино ќе трае во наредните денови“, вели Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ во Куманово.

    Од денеска започнаa истите активности и во приградските населби и селата во Куманово.

    Општинскиот кризен штаб побара од управителите на станбените објекти да извршат дезинфекција на влезовите, заедничките простории, лифтовите на сите станбени згради во Општината.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира