СЕ ДУПКОСАА И ЛИЗГАВИТЕ ПЛОЧКИ СТАВЕНИ ПО КОРНЕЊЕТО НА СТАРАТА КАЛДРМА ВО СТРУШКАТА ЧАРШИЈА, СТРУЖАНИ БАРААТ РЕВИТАЛИЗАЦИЈА ОД КОРЕН

    СЕ ДУПКОСАА И ЛИЗГАВИТЕ ПЛОЧКИ СТАВЕНИ ПО КОРНЕЊЕТО НА СТАРАТА КАЛДРМА ВО СТРУШКАТА ЧАРШИЈА, СТРУЖАНИ БАРААТ РЕВИТАЛИЗАЦИЈА ОД КОРЕНЧаршијата повеќе не е безбедна за поминување оти на секои пет до десет метри има пукнатини, скршени плочки и дупки на плочникот. (Фото: СДК.МК)

    Струшката чаршија, некогаш препознатлива по својата автентичност, денеска е во многу лоша состојба. Додека стружани се надеваат на ревитализација, тешката механизација која повремено за изведба на работни активности поминува низ чаршијата, ги доуништува и онака пукнатите камени плочки.

    Стружани коментираат дека чаршијата повеќе не е безбедно место за поминување оти на секои пет до десет метри има пукнатини, скршени плочки и дупки на плочникот.

    тешката механизација која повремено за изведба на работни активности поминува низ чаршијата, ги доуништува и онака пукнатите камени плочки. (Фото: СДК.МК)

    „Има и плочки кои се поставени како замена, а кои воопшто не доликуваат на автентичниот изглед на струшката чаршија. Пред некое време, бев сведок каде една повозрасна туристка од Холандија не ја виде дупката на дел од плочникот во чаршијата и падна. За среќа не беше посериозно повредена“, вели струшкиот адвокат Глигорие Ќатоски,  кој потенцира дека покрај нарушениот изглед, нарушена е и безбедноста на граѓаните.

    Тој додава дека стружани не заслужуваат секојдневно да газат по искршени и оштетени плочки, но и Струга не заслужува со ваков изглед да се претставува пред туристите.

    „Апел до надлежните да се направи еден проект за реконструкција на струшката чаршија оти тоа е таа точка од која пулсира животот во градот“, вели Ќатоски.

    Стружани велат дека чаршијата денес преставува уништена гордост на градот и бараат итно да се врати нејзиниот сјај.

    „Дел од Струга беше со калдрма. Овие сега не се со добар квалитет каков што треба да бидат, се кршат и се лизгаат. Промената е неопходна поради нефункционалноста на сегашните плочи. Автентичноста на старата струшка чаршија е изгубена пред 40 години, кога е извадена старата калдрма“, вели повозрасен стружанец.

    Обидот за целосна ревитализација на чаршијата во 2012 година пропадна оти пријавените фирми не понудиле доволно добар квалитет за градба.

    С. ВРЕНЦОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира