СЕ ГРАДИ КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КОПАНКИ“ НА ПЕЛИСТЕР

    СЕ ГРАДИ КРОВНАТА КОНСТРУКЦИЈА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „КОПАНКИ“ НА ПЕЛИСТЕРОваа година Општината вложи 3,8 милиони денари во обнова на домот (Фото: СДК.МК)

    Продолжува изградбата на планинарскиот дом „Копанки“ на Пелистер, кој изгоре пред 11 години. Со средства од Општина Битола деновиве се работи на изградба на покривната конструкција. Од Општината соопштија дека се завршуваат активностите од првата фаза која предвидуваше расчистување на теренот и подготовка за градење до карабина.

    „Завршена е бетонската конструкција и се работи на кровната конструкција, која треба да биде финализирана до крајот на оваа недела, по што ќе продолжат ѕидарските работи. Кровот ќе се покрие со специјална фолија, а зависно од временските услови, планирано е негово целосно покривање со лим.

    Оваа година Општината вложи 3,8 милиони денари во обнова на домот. Сепак, потребни се уште многу пари за да се догради култното планинарско место на Пелистер.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира