СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈКИ НИЗ ВЕЛЕШКО

    СЕ НАМАЛУВА БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈКИ НИЗ ВЕЛЕШКОВо првото полугодие од годинава имало 129 сообраќајки, наспроти 150 во истиот период лани. (Фото: Архивска фотографија)

    Зголемена е безбедноста во сообраќајот на територијата за Општина Велес, констатираат од СВР Велес. Податоците за првото полугодие од годинава покажуваат дека имало 129 сообраќајки, наспроти 150 во истиот период лани. Годинава за половина година има две жртви, додека лани немало човечки жртви во сообраќајки. Сообраќајната полиција, освен локалните и регионални патишта, го контролира и автопатот на делницата Катланово до локалитетот Стоби, во двете насоки.

    „Може да се констатира дека сообраќајната култура кај учесниците е подигната. За тоа удел имаа бројните акциски контроли кои се спроведени во текот на измината година. Тогаш, за првите шест месеци имало 283 контроли, додека годинава 252. Од ова може да се каже дека ланските акциски контроли дале резултат и возачите годинава се придржуваат многу повеќе кон сообраќајните правила и прописи“, кажа Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

    Анализата на пишаните казни покажува дека најчесто се за возење со брзина поголема од дозволената, потоа следи за возење без возачка дозвола, па казни за моторџиите кои возат без заштитен шлем, а на четврто место е за возење под дејство на алкохол.

    Не само возачите туку и пешаците прават прекршоци. Најчест во првото полугодие бил неминување на обележан пешачки премин. По реакциите на жителите од повеќе делови на градот за бучавата која ја создаваат моторџиите, била спроведена акција за санкционирање, при што поради превисока бучава биле одземени седум мотори.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира