СЕ ОБЕСИ ЗАТВОРЕНИК ВО ПРИТВОРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ, ВТОР ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ

    СЕ ОБЕСИ ЗАТВОРЕНИК ВО ПРИТВОРСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ, ВТОР ЗА ЕДЕН МЕСЕЦБезживотното тело на затвореникот го пронашле неговите двајца цимери во притворската келија кога станале од спиење. (Фото; СДК.МК)

    Во притворското одделение на Казнено поправната установа Куманово – затвор Кшање ноќеска се обесило лице осудено на доживотен затвор. Станува збор за Усеин Рашидов од Кочани, кој пред една година ја уби Танкица Младеновска од Кочани.

    Безживотното тело на затвореникот го пронашле неговите двајца цимери во притворската келија кога станале од спиење, по што пријавиле кај стражарската служба. Човекот бил врзан со чаршаф за креветот.

    „Во 6 часот до командирот е пријавено дека е пронајден починат У.Р, кој си го одзел животот со бесење. Веднаш е повикана Брза помош, при што лекар констатирал смрт кај лицето. Известени се сите надлежни институции, МВР, ОЈО Куманово, извршен е увид на лице место, а телото е предадено на обдукција“, изјави Ненад Цветковиќ, директор на КПУ Куманово-затвор Кшање.  

    Пресудата за доживотоен затвор на Рашидов стигнала на 9 мај, но се уште не била правосилна, поради што бил во притвор.

    Пред дваесетина дена, во истото притворско одделение се обеси и шеесет и седумгодишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, осомничен за двојно убиството и обид за убиство. И тој бил пронајден мртов откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел.  

    С. НИКОЛИЌ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира