Дизајнот и логото на ЈП Паркинзи Oпштина Центар (ПОЦ) се злупотребени во лажната Дневна паркинг карта (ДПК), соопштија од јавното претпријатие на скопската општина.
„На неа стои кју-ар код кој треба да се скенира и да се изврши онлајн уплата, а кодот води кон веб-адреса која нема поврзаност со ЈП ПОЦ и е со цел преку измама да се извлечат парични средства. Ги замолуваме граѓаните да бидат внимателни ако забележат ДПК од овој тип веднаш да нѐ известат. Единствената веб-адреса за онлајн наплата на ДПК на претпријатието е https://users.poc.mk/PayDpk“, велат од ПОЦ.
Од таму велат дека во моментов се преземаат мерки за пријави до надлежните органи и информирање на јавноста заради заштита на корисниците.