СЕ ПОРОДИ ОБВИНЕТАТА МАЈКА ЗА СМРТТА НА ТРИТЕ ДЕЦА КОИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО ВЕЛЕС, СУДСКИОТ ПРОЦЕС ОДЛОЖЕН

    СЕ ПОРОДИ ОБВИНЕТАТА МАЈКА ЗА СМРТТА НА ТРИТЕ ДЕЦА КОИ ИЗГОРЕА ВО ПОЖАР ВО ВЕЛЕС, СУДСКИОТ ПРОЦЕС ОДЛОЖЕННа претходните три рочишта, обвинетите не доаѓаа, оти не можеше да им биде врачена поканата. - Куќата по пожарот (архивска фотографија)

    Марија Давчевска пред седум дена се породила и таа не дојде на судењето во кое заедно со сопругот Никола Антониевски се обвинети за кривичното дело „Запуштање и малтретирање на дете“, откако пред година и пол во пожар изгореа трите нивни деца.

    Поради тоа не започна судскиот процес во Основниот суд Велес и тој е одложен за средината на јануари. Таткото Никола само кратко рече дека по големата трагедија и смртта на трите дечиња, еве и за нив среќен и радосен момент во животот. На претходните три рочишта, обвинетите не доаѓаа, оти не можеше да им биде врачена поканата.

    Според обвинението, тие не го заштитиле животот и здравјето на децата што е нивна должност согласно одредбите од Законот за семејство. Со тоа што ги оставиле сами во куќата обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за живот и здравјето на децата. Се работи за деца кои според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе, констатира обвинителството. Во пожарот кој се случи јуни 2018, изгореа Драгана (4), Петар (2) и Теона (1). Нивните тела беа пронајдени јагленосани.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира