СЕ РАСПАЃА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО БИТОЛА, 15 ГОДИНИ Е ОСТАВЕНА БЕЗ КАДАР

    СЕ РАСПАЃА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО БИТОЛА, 15 ГОДИНИ Е ОСТАВЕНА БЕЗ КАДАРНа Зоолошката градина ѝ недостасуваат многу вработени, меѓу кои и ЗОО негователи(Фото: СДК.МК)

    Нема билетар, магационер, нема ни кој да ги пречека посетителите во Зоолошката градина во Битола која е регионална и единствена надвор од Скопје. Дел од ЗОО негователите се грижат за животните, а исто така и чистат и обавуваат обврски за кои треба да се задолжени други вработени. Во Зоолошката градина во Битола 15 години нема вработување, па институцијата се соочува со недостиг на соодветен кадар, рече в. д.  директорот Јане Гилевски на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Битола.

    На Комисијата се разгледуваше Годишниот план за вработување во Зоолошката градина за 2025 со кој бараат 20 нови вработувања предвидени по систематизација. Потребно е да биде прифатен на седницата во понеделник, а потоа се останува на тоа дали Министерството за култура, од каде стигнуваат блок дотациите за зоолошката и Министерството за финансии ќе дадат согласности за вработувања.

    Зоолошката градина во Битола постои 74 години. (Фото: СДК.МК)

    Потребни им се раководител на Одделени за административни, општи и правни работи, помлад соработник на човеки ресурси, архивар, контролор на билети, портир, пожарникар, хигиеничар, хаусмајстор, референт, книговодител, стручен соработник, ветеринарен лекар, контролор на храна, ветеринарен техничар, зоо неговател, хортикултурен техничар, водич, самостоен зоо неговател, продавач на билети, магационер.

    „Немаме вработувања 15 години во зоолошката, имаше пензионирања, па бројот на вработени е намален , воопшто не може Зоолошката градина вака да функционира. Останати се само 10 луѓе, не можеме смените да ги составиме за работа“, рече Гилевски.

    Запрашан од претседателката на Советот Габриела Илиевска дали тие се распаѓаат како институција зашто 15 години не добиле согласности за вработување, Гилевски, потврди дека се распаѓаат.

    Во државата покрај Скопската, зоолошка градина има уште во Битола, која опстојува 74 години, а досега во повеќе наврати била изложена на критики поради недостиг на кадар и подобри услови за животните.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира