Денеска околу 11 часот пронајдено е безживотното тело на Фатмир Тахири, кој порано бил возач на ексвицепремиерот Хазби Лика. Според информации од СВР Тетово, телото било пронајдено во возило „форд фокус“ во близина на крстосницата на улиците Киро Ристовки-Дранц и Андреја Стојановиќ.
Телото на Тахири го пронашол неговиот син кој и го пријавил случајот во тетовската полиција. Според сè уште непотврдени информации, на стаклото од автомобилот биле забележани дупки од огнено оружје. Станува збор за самоубиство, велат од тетовската полиција која, заедно со јавен обвинител од тетовското Обвинителство, извршиле увид на местото на настанот.
Фатмир Тахири работел во локалната самоуправа на Општина Тетово во секторот за урбанизам. Во времето кога Хазби Лика беше градоначалник на Општина Тетово, од 2005 до 2009, тој работел во кабинетот на градоначалникот Лика, а повремено бил и негов возач.
З. АНДОНОВ