СЕ САНИРА НАДВОРЕШНОСТА НА ЗГРАДАТА НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР

    СЕ САНИРА НАДВОРЕШНОСТА НА ЗГРАДАТА НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАРРеконструкцијата чини 800.000 денари (Фото: СДК.МК)

    Се врши санација на дел од надворешноста на зградата на велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“. Изминатиот месец се работи на кровната купола, олуците и партерот пред влезот на зградата. Градежните зафати се со цел подобрување на одведувањето на атмосферските води, спречување влага и заштита на објектот на подолг рок.

    Во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраените олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел“, кажа Жарко Спасовски, директорот на театарот.

    Реконструкцијата чини 800.000 денари, обезбедени од Министерството за култура, по барање на Велешкиот театар.

    Зградата на Велешкиот театар беше предадена за користење во декември 2014 со претставата „Најважната работа на светот“ во режија на Љубиша Георгиевски, по текст на Братислав Димитров.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира