СЕ СЕЛИ БОРИС САРАФОВ, ЛИЧНАТА ДОНАЦИЈА НА ВАЛЕ СТЕФАНОВСКА

    СЕ СЕЛИ БОРИС САРАФОВ, ЛИЧНАТА ДОНАЦИЈА НА ВАЛЕ СТЕФАНОВСКАОд градот Скопје денеска немаше кој да даде изјава зошто се сели споменикот ниту колку тоа ќе чини (Фото: СДК.МК)

    Се сели споменикот на Борис Сарафов поставен кај Министерството за надворешни работи во Скопје кој е лична донација од скулпторката Валентина Стефановска. Работници од утрово се качени на споменикот и се обидуваат да го разглобат на делови за полесен транспорт.

    Каде ќе се сели споменикот од Град Скопје денеска не кажаа. Тој е висок пет метри, а поставен на триметарски постамен.

    Колку чинеше неговата изградба Општина Центар не кажа, оти се работи за донација.  

    Работниците што ги затекнавме кај споменикот велат дека треба да го поместат само десетина метри.

    Стефановска го подари споменикот на Општина Центар во знак на благодарност за успешната соработка како автор на низа споменици, нејзини дела меѓу кои оние на Александар Македонски на Плоштадот Македонија, и Филип Втори со Олимпија на плоштадот кај црквата Св. Димитрија.

    Стефановска споменикот го најави во 2012 година, во последните месеци од градоначалникувањето на Владимир Тодоровиќ. Писмено се заблагодари за соработката на Советот на Општина Центар и образложи дека мотив за донацијата и било пред се разубавувањето на Скопје и развој на туризмот со сите поставени споменици.

    Јавноста овој подарок го протолкува како нов начин за проширување на проектот „Скопје 2014“ по острите критики дека оргомните суми потрошени за споменици се недомаќинско трошење народни пари.   

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира