СЕ ШИРИ ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“, ЦУК БАРА ПОМОШ ЗА АВИОНСКО ГАСНЕЊЕ

    СЕ ШИРИ ГОЛЕМИОТ ШУМСКИ ПОЖАР ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК „ШАР ПЛАНИНА“, ЦУК БАРА ПОМОШ ЗА АВИОНСКО ГАСНЕЊЕРенџерите со грбни противпожарни прскалки не можеле да го локализираат пожарот кој се шири и на букова шума. (Фото: ЦУК)

    Шумски пожар изби вчера попладне високо над селото Вешала во Општина Тетово, но иако веднаш биле испратени екипи од Националниот парк „Шар Планина“ не успеале да го изгаснат поради лошиот и непристапен терен и стемнувањето, па биле повлечени од теренот. Утрово пожарот сè уште е активен, а со засилување на топлиот ветер огнот се разгорел, па покрај ниската вегетација која гореше зафатил и букова шума.

    Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека од утрово се во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала, а поради високиот и непристапен терен ЦУК побара воздушна поддршка од Дирекцијата за заштита и спасување и од МВР.

    „Утрово во 06,55 часот, екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк ‘Шар Планина’ од Тетово е отидеа на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара асистенција и брза интервенција од другите надлежни институции поради тоа што ренџерите со грбни противпожарни прскалки не можеле да го локализираат пожарот. Од терен е побарана и итна воздушна поддршка од ДЗС и МВР поради неможноста пожарот да се стави под контрола, додека од РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција“, соопшти ЦУК.

    Вчера избил пожар и во близина на селото Лисец, но тој набрзо е локализиран и изгаснат.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира