СЕ УРНА КАРПА ВРЗ КУЌА ВО ВЕЛЕС

    СЕ УРНА КАРПА ВРЗ КУЌА ВО ВЕЛЕСКарпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата, соопштија од МВР. (Фото: СДК.МК)

    Интензивниот дожд деновиве придонесе во текот на вчерашниот ден, земја и камења да се лизнат и да навлезат во куќа во Велес во месноста Црна Џамија.

    „Настанот се случил околу 12,30 часот во задниот дел на куќата на соседите. Жената подготвувала ручек во летна кујна, кога се слушнал страшен звук на нешто што се руши. Почнала да надоаѓа земја. Има десетина кубни метри, како навлегле во собата, но на домаќинката не и е ништо, освен што се преплашила. Оштетен е и првиот кат од семејната куќа“, велат соседите.

    Сопствениците не сакаат да говорат за овој настан, но настанот е евидентиран во МВР.

    „На 04.02.2018 година во 14,00 часот во СВР Велес пријавено е дека на ул. ‘Коле Цветков’ дошло до рушење на карпа и земја од задниот дел од куќата, сопственост на Д.К.(60). Карпата турнала ѕид од куќата и дел од гаражата. За настанот бил известен Центарот за управување со кризи“, стои во писмената информација.

    Пред некоја година, се лизна земја до оваа куќа која вчера беше оштетена. Тогаш се изгради потпорен ѕид. Се случува на улицата „Коле Цветков“ да доаѓа до лизгање на земјиштето. Сопствениците сметаат дека причината се дивоградбите на месноста Рамина, која е над нив и тие придонесувале да доаѓа да вакви ситуации. Поради конфигурацијата на теренот во Велес, изминатите години со помош на проект на УДНП, на две улици Коле Цветков и Питу Гули, се изградија повеќе потпорни ѕидови заради заштита на домовите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира