СЕ ЗАПАЛИ КУЌА НА „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“, ИМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ЗАПАЛИ КУЌА НА „ЈОРДАН МИЈАЛКОВ“, ИМА ПОВРЕДЕНИОд куќата се шири црн чан, а како што велат граѓаните од околните згради и куќи, запалени се гуми и мотори, а има и еден повреден.(Фото: Е. Бочвароска)

    Куќа на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, близу трговскиот центар „Рамстор“, се запали околу пладне. Од куќата се шири црн чан, а како што велат граѓаните од околните згради и куќи, запалени се гуми и мотори, а има и најмалку двајца повредени, од кои едниот полесно, а другиот потешко повреден и уште не можат да го извлечат пожарникарите од објектот.

    Од Пожарна велат дека се упатуваат кон пожарот и засега немаат информации за причините. (Фото: Е. Бочвароска)

    Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје Звонко Томески ни изјави дека во моментов осум противпожарни возила се движат кон местото на пожарот и има информација само дека е запалена куќа.

    „Уште не знаеме  што е причината и дали има повредени лица“, вели Томески.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира