Пожар утрово изби во бараките на поранешното трговско претпријатие „Макотекс“ во скопската населба Карпош 4, кај стара телевизија. Во моментов пожарот се гаси со неколку екипи на скопската Пожарна, а беше вклучен и еден „ер трактор“. Бараките се наоѓаат до станбени згради и други објекти.
„Пожарот на опожарените бараки т.н. лепенки се става под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе возила и екипи на БППЗ Скопје под водство на командантот на единицата Звонко Томовски. Нема информации за повредени или настрадани лица“, изјави Стојанче Ангелов директор на Дирекцијата за заштита и спасување.
Советничката во Советот на Општина Карпош од граѓанската иницијатива „Независни за Карпош“ Татјана Стојановска вели дека пожарот е во дел за кој Деталниот урбанистички план е во фаза на изработка.
А. АНТЕВСКА