Меѓу последните одлуки на Советот на Општина Велес во претходниот состав беше согласноста за затворање на општинската депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал. Со ова почнува постаката за нејзино затворање и дислокација. Одлуката беше донесена едногласно.
„Со оваа одлука имаме намера да за затвориме депонијата за градежен шут и да ја префрлиме на депонијата за комунален отпад. Имаме големи реакции на граѓаните кои живеат во соседството, бидејќи таму освен инертен отпад се фрла и комунален. Така се шири непријатна миризба, затоа предлагаме таа да се затвори. Оваа депонија би се прекрила и со проект се планира пешачка зона, со урбана опрема“, образложи Петре Цилаков, раководител на Одделението за животна средина.
За затворање на оваа депонија се бара и мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Површината на депонијата е 3.500 квадратни метри, лоцирана во местото Две Длабнатини, близу поранешната фабрика „Киро Ќучук“. Одделението за заштита на животната средина треба да изготви нова Предлог-одлука за определување точна подлокација за депонија на земја, шут и друг отпаден градежен материјал во Општина Велес , со точни и прецизни координати утврдени во документација која ќе биде изработена, а одобрена од МЖСПП и треба да ја усвојувои Советот на Општина Велес.
П. ПЕЧКОВ

 
                                     
                                    

