СЕКНУВААТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, ОД ОТВОРИТЕ ЕДВАЈ КАПЕ ВОДА

    СЕКНУВААТ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ, ОД ОТВОРИТЕ ЕДВАЈ КАПЕ ВОДА„Во овој случај дотокот на вода е намален, а потребите на Охрид за вода за пиење се зголемени”, велат во „Охридски водовод” (Фото: СДК.МК)

    Билјанините Извори кај Охрид секнуваат, од бетонските отвори капе вода. Гостите кои задолжително го посетуваат овој локалитет денес се обидуваа да наполнат изворска вода, но поради слабиот доток ретко кој успеваше да наполни и чаша.

    Во овој период од годината, колку тоа да изгледа чудно, од Билјанините Извори бликаше вода. Понекојпат пресушуваа некаде наесен, кога дотокот на водите од Галичица редовно се смалува.

    „Во јавноста малку се знае дека она што се нарекува Билјанини Извори всушност е преливот на вода во базенот што се наоѓа над отворите каде што таа истекува. Имено, еден дел од базенот се користи за потребите на водоводот во Охрид, еден дел за потребите на Хидробилошки завод за вештачко одгледување рибен подмладок и за обезбедување чиста вода. Откако ќе се задоволат тие потреби, вишокот на вода се излива над отворите на Билјанини Извори. Во овој случај дотокот на вода е намален, а потребите на Охрид за вода за пиење се зголемени”, велат во „Охридски водовод”.

    Во „Водовод” ги отфрлаат како неосновани некои толкувања дека Билјанините Извори секнуваат поради земјотресите што речиси еден месец ја тресеа планината Галичица и Охрид.

    Локалитетот кај Билјанини Извори и самите извори преку лето го посетуваат до сто илјади домашни и странски гости.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира