СЕКОЈ ДЕН ИСКЛУЧУВАМЕ ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ ВО САРАЈ И КРУШОПЕК, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“

    СЕКОЈ ДЕН ИСКЛУЧУВАМЕ ДИВИ ПРИКЛУЧОЦИ ВО САРАЈ И КРУШОПЕК, ВЕЛАТ ОД „ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА“Жители на Сарај, Крушопек и Долна Матка со питка вода си ги полеваат нивите, а не плаќаат ниту денар.(Фото: Водовод и канализација)

    За една недела исклучени се 20 диви приклучоци на водоводната мрежа во скопски Сарај, Крушопек и Долна Матка. Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека нивните екипи секој ден се на терен со цел да се ловат домаќинствата кои со питка вода полеваат цели нива, а за тоа не плаќаат нити денар.

    „Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје. Повикуваме на одговорно однесување и регуларно поднесување на барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба. Апелираме до граѓаните  доколку забележат див приклучок, истиот да го пријават на 023073 010, [email protected], www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS“, велат од претпријатието.

    Дивите приклучоци се забранети со Законот за водоснабдување, член 23 и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот. Од „Водовод“ велат дека за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира