СЕСТРИТЕ ОД БИТОЛА КОИ СО ГОДИНИ ЖИВЕАТ ИЗОЛИРАНИ ОДБИЛЕ ДА БИДАТ ЗАДРЖАНИ И ЛЕКУВАНИ ВО БОЛНИЦА

    СЕСТРИТЕ ОД БИТОЛА КОИ СО ГОДИНИ ЖИВЕАТ ИЗОЛИРАНИ ОДБИЛЕ ДА БИДАТ ЗАДРЖАНИ И ЛЕКУВАНИ ВО БОЛНИЦАСестрите биле прегледани од психијатар и по нивно барање и настојување пуштени дома. - Тие беа донесени во Битолската болница со возило на Брза помош (Фото: СДК.МК)

    Иако на носилки со Брза помош денес беа пренесени во битолската болница, сестрите Колевски, кои живеат со години во изолација, одбиле да бидат задржани и лекувани. Директорот на битолската болница Зоран Лазаров во телефонски разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК рече дека сестрите биле прегледани од психијатар и по нивно барање и настојување пуштени дома.

    „Беа комуникативни, не се насилни. Но, одбија понатамошни прегледи и одбија да лежат во болницата или да бидат сместени на друго место одделно. Велат дека доброволно одлучиле така да живеат. По ова се вратија дома“, рече Лазаров.

    Телевизија „Телма” попладнево јави дека по налог на битолското обвинителство, полицијата влезе во станот на семејството Колевски на улицата „Димче Лахчански” во Битола.
    Соседите за телевизијата изјавија дека вратата насилно била обиена, а мајката се спротивставила ќерките да бидат однесени. Според соседите, едната од сестрите била изнесена на носилки, а другата одвај се движела. Сестрите се возрасни и заедно со нивната мајка повеќе години живеат во изолација, а без струја седум години.

    Пред еден месец полицијата и службите за социјални работи се обидоа да влезат во станот на Колевски, но тие не им ја отворија вратата и рекоа дека сами избрале таков начин на живот.  (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира