Пејачот Ламбе Алабаковски е осуден на шест месеци условна казна затвор за потпалувањето на бугарскиот клуб ,,Ванчо Михајлов” во Битола доколку во рок од една година не стори друго кривично дело. Пресудата ја донесе Основниот суд во Битола.
Алабаковски во јуни годинава подметна пожар во клубот, по што беше приведен и го призна делото. Ова предизвика протести во Битола на кои се бараше негово ослободување. По ова беше пуштен во домашен притвор, а потоа и да се брани од слобода.
Ж. ЗДРАВКОВСКА