ШИЛЕГОВ ГО НАЗНАЧИ БОБАН ЦРНИЧИЌ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА „УЛИЦИ И ПАТИШТА“

    ШИЛЕГОВ ГО НАЗНАЧИ БОБАН ЦРНИЧИЌ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА „УЛИЦИ И ПАТИШТА“Црничиќ е вработен во правната служба на претпријатието, како дел од тимот на разрешениот директор Смаиловиќ. (Фото: СДК.МК)

    Бобан Црничиќ е нов директор на ЈП „Улици и патишта“. Откако вчера градоначалникот Петре Шилегов го разреши досегашниот директор Сенад Смаиловиќ, денеска на функцијата в. д. директор го назначи Црничиќ.

    Црничиќ досега беше вработен во правната служба на претпријатието, како дел од тимот на Смаиловиќ.

    Смаиловиќ беше разрешан откако во саботата полицијата кај него најде кокаин.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира