ШТИП ЌЕ ДОБИЕ БРАНА, АКВАПАРК И БЕСПЛАТНА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА НА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИ

    ШТИП ЌЕ ДОБИЕ БРАНА, АКВАПАРК И БЕСПЛАТНА ГРАДИНКА ЗА ДЕЦА НА САМОХРАНИ РОДИТЕЛИСвечената седница по повод Денот на ослободувањето на градот се одржа во полн состав на новоконституираниот Совет на Штип (Фото: Т. Јовановски)

    Брана на реката Отиња која значително ќе ја подобри климата, како и повеќе мерки за подобрување на животот на младите за нивно задржување во градот, најави новиот градоначалник Благој Бочварски.

    „Планираме неповратни грантови за млади иноватори и за млади земјоделци и средства од буџетот за добри плати на младите кои ќе се вработат во домашните компании. Ќе се отвори бесплатна градинка за децата на самохрани родители и за 50 отсто ќе се намалат комуналиите за младите брачни двојки, кои ќе изградат свој дом од 150 квадратни метри. Во месноста Суитлак, планираме аквапарк со спортска сала, како услов за стимулирање на младинскиот спорт. Тој мора да се врати на водечките позиции, а како водилка треба да нѝ бидат првиот македонски олимпиец Симеон Шутев и останатите олимпијци од Штип“, рече Бочварски.

    Нов претседател на Советот на Општина Штип е Јане Миланов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира