ШТИПЈАНИ ГИ ПОВИКУВААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ НА ГОСТИ ЗА ДА ВИДАТ КАКО СЕ ЖИВЕЕ СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

    ШТИПЈАНИ ГИ ПОВИКУВААТ ПОЛИТИЧАРИТЕ НА ГОСТИ ЗА ДА ВИДАТ КАКО СЕ ЖИВЕЕ СО ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТШтипјанецот Зоран Мијалков смета дека грижата за лицата со попреченост е само формална, а не суштинска (Фото: СДК.МК)

    Штипјанецот Зоран Мијалков, татко на две деца со аутизам, ги покани политичарите на гости во својот дом за да видат како живее едно семејство со деца со попреченост. Тој смета дека грижата за лицата со попреченост е само формална, а не суштинска.

    „Ние водиме очајничка борба. Затоа ги канам на гости политичарите да се уверат во она што ние постојано го истакнуваме и бараме. Нека издржат барем 24 часа да видат како се живее со две деца со аутизам. Нека речат дека нема пари, а пари има. Пари има за сѐ, само не за нашите деца“, вели Мијалков.

    И други родители кои имаат деца со попреченост ги истакнуваат проблемите затоа што нема добра и адекватна инклузија во образовниот процес. Недостасува дидактички материјал, а нема ниту соодветно обучени кадри. Училиштата не добиваат образовни асистенти и асистенти во домашни услови.

    Министерката за труд и социјала Мила Царовска при една од последните посети на Штип рече дека во изминатите две години за лицата за попреченост е направено многу, како никогаш досега.

    „Воведовме посебни права за лицата со тешка интелектуална попреченост, за родителите воведовме право на скратено работно време, компензацијата од 4.700 денари ја зголемивме до 50 проценти од просечната плата, а донесовме и законска регулатива за персонална асистенција и во домашни услови“, кажа Царовска.

    Штипските семејства со деца со попреченост бараат и други системски решенија, како изградба на рехабилитациски центри и законски да се уреди судбината на децата после смртта на родителите.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира