ШТИПСКАТА УЛИЦА ВАНЧО ПРЌЕ ЌЕ СТАНЕ ТРГОВСКА ПЕШАЧКА ЗОНА СО ДВЕ КАТНИ ГАРАЖИ

    ШТИПСКАТА УЛИЦА ВАНЧО ПРЌЕ ЌЕ СТАНЕ ТРГОВСКА ПЕШАЧКА ЗОНА СО ДВЕ КАТНИ ГАРАЖИЕднонасочната улица Ванчо Прќе  од денеска е затворена а сообраќај оти се планира да биде шеталиште и трговски центар. (Фото: СДК.МК)

    Централната улица Ванчо Прќе во Штип, која е изградена пред 60 години за да биде трговски комплекс, од денеска е забранета за сообраќај, испразнета е од возила и во иднина ќе биде само пешачка зона, а целиот овој простор ќе прерасни во трговски центар. Оваа мошне фрекфентна улица досега беше со еднонасочен сообраќај.

    Од Општина Штип најавија дека забраната за сообраќај на моторни возила по оваа улица првично е од пробен карактер и по еден месец ќе започнат работите за нејзино целосно уредување и адаптирање во модерно шеталиште во должина од 200 метри, чија подземна водоводна и канализациона мрежа стара повеќе од 50 години ќе се замени со нова. Општината за овој зафат планира најмалку 200.000 евра.

    „Улицата Ванчо Прќе ќе биде исклучиво шеталишта и целиот простор треба да прерасне во современ шопинг центар . По соседните улици сообраќајот наместо еднонасочно ќе се одвива двонасочно. На едниот крај од оваа улица кон тврдината Исар и Домот на културата веќе неколку месеци работи катна гаража, а од денеска на другиот крај од улицата кај стоковната куќа ‘Нама’ се даде во функција и втората двокатна гаража. Но, возилата и од двете катни гаражи во иднина нема да можат да ја користат улицата Ванчо Прќе, туку ќе мора за излез од градот да ги користат соседните улици“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.

    Трајче Здравков од општинскиот кабинет најавува дека покрај основните намени, на просторот од новото градско шеталиште ќе се одржуваат и културно-забавни програми, па уште од денеска до 20 јули ќе се одржат настапи на младите таленти од „Весело штурче“ и повеќе музички групи, најмногу од Средното музичко училиште во Штип.

    Над 200 станови има во згради од двете страни на улицата која ги спојува соседните улици, кон онаа покрај реката Отиња и таканареченото Горно Маало и зградата „Промаја“.

    Пред 60 години, улицата Ванчо Прќе се градеше неколку години,  а се очекува втората градба и реновирање на подземните инсталации да трае повеќе месеци.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира